377
Неколку стотици граѓани се приклучија на протестниот марш на движењето „Беса“. Протестот започна во паркот во скопски Чаир од каде демонстрантите се упатија кон крајната цел мостот Гоце Делчев.
Учесниците на протестот преку булеварот Крсте Петков Мисирков каде што сообраќајот е блокиран, а насекаде има големо присуство на полиција со мотори, се упатија кон Владата.
Меѓу протестантите има припадници од различна воззраст, а најголем дел од нив носат црвени маици и знамиња. Протестот минува мирно.
Организаторите на протестот најавија три барања: оставка од антиалбанската, инкриминирана и корумпирана влада на Никола Груевски и Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и барање нов договор за Македонија.