Движењето БЕСА смета дека програмата што вчера ја претставил СДСМ е рамка која треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата кои се однесуваат на Албанците како втор поголем народ во Македонија, реагира партијата преку соопштение.
-Движењето БЕСА во оваа фаза ќе се воздржи од коментар на деталите од претставената програма од СДСМ, бидејќи се уште е не е деблокирано доделувањето на мандат за претседателот не СДСМ, што е процес кој создава можност за отпочнување на преговори за создавање на влада. Затоа дотогаш нема да коментираме, а откако ќе му биде доделен мандатот, и ние ќе се изјасниме со забелешки и сугестии, се со цел да се постигне една сеопфатна владина програма, секако со надеж дека тоа ќе се случи. Притоа истакнуваме дека и понатаму имаме разлики со СДСМ во однос на толкување на уставните одредби кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик – порачаа од БЕСА.