На денешната прес-конференција одржана од страна на движењето БЕСА, беше побарано веднаш да се процесираат монтираните случаи против Албанците, “Монструм” и “Сопот”. Од БЕСА изјавија дека е крајно време да се искоренат двојните стандарди при спроведувањето на правдата за Албанците.
„Кога го велиме ова, ги имаме во предвид затворениците во две многу чувствителни судски случаи, “Монструм” и “Сопот”, кои исто така се предмет на истрага на Специјалното Јавно Обвинителство, бидејќи овие случаи се спомнуваат и во прислушувањата објавени разговори од страна на сегашниот премиер на Македонија, Зоран Заев. И покрај тоа што јавно се изјавувало и има докази дека Албанците кои се жртви на овие монтирани процеси се неправедно осудени, правдата во нивниот случај задоцнува“, изјави портпаролката на БЕСА, Њомза Имери-Исмаили.
Од БЕСА побараа да се формира современ систем за спроведување на правдата, кој ќе го замени комунистичкиот менталитет на функционирање на поранешната Југославија, во однос на Албанците.