Движењето БЕСА предлага да се формира експертска влада, која ќе организира фер избори, по што новиот собраниски состав да го реши проблемот со името
По формирањето, според БЕСА, експертската влада ќе треба да спроведе попис на населението, да го промени изборниот законик и да го прочисти изборачкиот список, да основа специјално независно обвинителство со еминентни меѓународни и домашни обвинители за истражување на досегашните хипотеки врз основа на материјалите кои ги поседува СДСМ и обвиненијата на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Пуч“, да основа нов управен одбор на МРТВ од домашни и меѓународни експерти за да се овозможи балансирана состојба во медиумскиот простор на сите релевантни политички фактори во Македонија.
Новиот собраниски состав, пак, велат од таму, треба да го редефинира сиот политички и правен систем на Македонија, поставувајќи ја државата врз начелата на албанско-македонска консензуалност, заснованa врз слобода, рамноправност и правда, како и да го реши спорот со името со името, за да се рефлектира мултиетничкото општество на Македонија.