БЕСА од крилото на Касами од денеска ги прекинува преговорите со Заев за проширување на парламентарното мнозинство

by Fokus

Движењето Беса преку соопштение до јавноста најави дека од денеска ги прекинува преговорите со премиерот Зоран Заев за проширување на парламентарното мнозинство.

„Бидеќи овој процес на преговори трае повеќе од четири месеци без некој конкретен епилог, цениме дека се поминати сите временски лимити, и несакајќи Движењето Беса да биде заложник на техничите калкулации на парламентарното мнозинство, од денес ги прекинуваме сите разговори со премиерот на државата во делот на вклучување на Движењето Беса во Владата – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека како што поминувало време тие очекувале СДСМ да се ослободат од ДУИ, како дел од поранешниот режим на Никола Груевски, но тоа не се случило.

„ За жал гледајќи ги субјектите кој секојдневно му се приклучуват на преговорите за ширење на парламентарното мнозинство, сега не само ДУИ туку и други елементи што биле дел од режимот на Груевски, вклучувајќи и тие што се директни актери за немилите настани на 27 април минатат година, се гледа како пуштат длабоки корени во ова влада што полека го губи и епитетот на реформска влада – продолжува понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости