„Сметајте на нас“, и порача Заев на Европската унија

by Fokus

Сметајте на нас“ им порача премиерот Зоран Заев на членките на Европската унија, кои во Штип на централната манифестација го одбележуваат денот на Европа. Граѓаните на Македонија ја избраа Европската унија, бидејќи како што рече Заев, веруваат во нејзините вредности.

„Новиот циклус на преговори кој започна на Европската унија со Западен Балкан, најавен од претседателот на Европската Комисја, Јункер е уште еден историски чекор на Европа, кој ќе ја направи унијата уште поголем економски и политички играч на светската сцена. Оттаму, кога велиме дека Европската унија е избор на граѓаните на Република Македонија велиме и дека тоа е избор на економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа, која ни припаѓа на нас, на сите нас, рече Заев.

Поврзани новости