411
Политичката партија БЕСА засега не добила понуда од мандаторот Никола Груевски за разговори за новата влада, брифираат од партијата за Телма. Сепак, велат дека и да добијат покана, ќе ја одбијат бидејќи не сакаат да соработуваат со инкриминирани политичари.
Алијансата за Албанците истот така деновиве информираше дека ќе одбие соработка со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а од ДПА се воздржани.
Единствени потенцијални партнери на ДПМНЕ, засега им се ДУИ со кои би имале вкупно 61 пратеник или минимално парламентарно мнозинство.