494
Движењето Беса на Билал Касами реагира дека субвенциите за производителите на тутун не се исплатени иако владата рече дека ќе ги исплати пред еден месец.
„Ја потсетуваме Владата дека веќе е почнато реколтата за 2019 година и потребите за подршка на производителите на тутун во овој период се многу големи. Имајќи го предвид фактот дека животниот стандард секојдневно се влошува, и тие што со години се занимават со земјоделие перспективата ја гледат надвор од Македонија, затоа Движењето Беса бара од Владата во најкус можен рок да го започне процесот на исплата на субвенции и да им овозможи на земјоделците без никакви пречки својот труд да го дават тука и за тоа да се наградат“, велат од Беса на Касами.