Ибрахими: Нема да прифатам да бидам министер, дури и ако ме предложат

by fokus

„Јас нема да ја прифатам функцијата министер дури и да ме предложат“, е одговорот Зеќирја Ибрахими, член на Централното раководство на Беса од крилото на Африм Гаши, на прашањето дали се вистинити информациите на медиумите дека тој ќе биде следниот министер за култура, објави Порталб.мк.

-Се уште не сме стигнале до таа фаза, но јас нема да бидам министер, дури и ако ме предложат, изјави Ибрахими за Порталб.

За Ибрахими се шпекулира дека ќе биде предложен за следен министер за култура, ако неговата партија влезе во извршната власт.

Поврзани новости