Освен ДУИ, и другиот албански коалициски партнер во Владата – БЕСА, ја очекува поддршката од најголемиот партнер СДСМ на локалните избори во Тетово, каде кандидати за градоначалници ќе бидат Теута Арифи од ДУИ и најверојатно Биљал Касами од БЕСА.
„Не очекуваме СДСМ да постапи поинаку од она што го сторивме заедно на последните парламентарни избори. Нема политичка логика гласачите на СДСМ од Тетово да гласаат за друг кандидат, кога на последните парламентарни избори гласаа за носителот на листата за пратеници, претседателот на движењето Беса, Билал Касами. Секоја друга еднострана одлука би имала последици во рамките на владејачката коалиција“, велат од БЕСА за 360 Степени.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека до крајот на месецот за евентуална соработка за локалните избори ќе разговара со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но не исклучи соработка и со останатите владини партнери.