Артан Груби не треба да лее крокодилски солзи, туку да излезе на прес-конференција и да одговори на три прашања: Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат „сметките со него“? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата соопштија од БЕСА.
„Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.