385
Движењето БЕСА ги повика сите граѓани да дојдат на утрешниот протест од Чаир до Владата, доколку сметаат дека нивните барања за расветлување на сите вистини поврзани со Албанците се легитимни.
– Сето тоа што се случи во Македонија, после сите објавени бомби, сигурносните и правни системи се паднати. Затоа, ние сметаме дека на Македонија и е потребен еден нов договор на сите граѓани. Да отвориме процедура за редефинирање на државата и да започнеме еден процес за една нова, стабилна и развиена држава, каде што Албанците ќе бидат уставотворен народ во државата – посочи Африм Гаши, портпарол на БЕСА.