Додека трае политичкиот театар за прогласување на „лажните херои на новиот век во Македонија“, според една новообјавена анализа од страна на BiEPAG (The Balkans in Europe Policy Advisory Group) една третина од населението во Македонија живее во длабока сиромаштија, велат денеска од Беса.
-Уште повознемирувачки е фактот дека овој процент е повисок кај младата популација и кај семејствата со деца, главна причина поради која стотици илјади Албанци ги напуштат своите домови за да ја обезбедат егзистенцијата. Од анализата на BiEPAG се гледа дека Македонија е со највисок процент на сиромаштија во споредба со другите Балкански земји. Ова уште еднаш го потврдува фактот дека времетраењето на кризата во Македонија главно се должи на политичката неодговорност на досегашните политички претставници, и ова најмногу влијаело во осиромашувањето на населението, стои во соопштението.
Тие додаваат дека целта на движењето Беса е да заврши оваа пролонгирана криза за да заврши и летаргијата на граѓаните и да се отвори развојна перспектива за земјата.