468
Младите сили на БЕСА денеска спроведоа герила акција со која побараа Специјалното јавно обвинителство да го истражи случајот „Маѓар телеком“, во кој се вмешани Али Ахмети и Муса Џафери.
Подемот на истражните процедури од Специјалниот обвинител за одредени поранешни високи државни функсионери е една од долгооочекуваните вести, една светлина во темниот тунел во кој не воведе оваа политичка класа. Преку ова симболична акција, ние младите на Движењето БЕСА бараме да се истражуват овие и други случаи, така што да има правда за сите случаи, особено сега кога има јавни факти дека политичката класа на ДУИ е длабоко потоната во криминал, корупција и мито, изјави Ерхан Адеми, член на Младите сили на БЕСА.