Беса бара предвремени избори откако Македонија не доби Датум

by Fokus

Секретарот на Движењето БЕСА Аднан Азизи ги повика владејачките партии да отворат пат за предвремени парламентарни избори откако Македонија не успеа да добие датум за отворање на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека владата е делегитимирана и дека треба веднаш да се одржат парламентарни избори во Македонија.

-Датум, интеграциите,ЕУ, процесот нè заглупуваше со празни пароли, а всушност тоа беше да се изнуди опстанок на власта до последен момент.Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден порано, инаку овие можат само да не одведат во бездна, гласи објавата на Азизи која ја пренесува ИНА.

 

Поврзани новости