Беса бара комисија во Собранието да го истражи крвавиот четврток

by fokus

Беса смета дека надлежните државни институции не презедоа соодветни мерки за да се спречи насилството во Собранието и бара од Министерството за внатрешни работи, со која раководи министер од редовите на ДУИ, од јавниот обвинител, и од другите надлежни органи да не дозволуваат намерно да се минимизира расветлувањето на сценариото од „крвавиот четврток“.

Вандалскиот акт, вели Беса, надлежните треба да го третираат со голема сериозност , а причинителите да ја добијат заслужената казна.

Во спротивно, велат од Беса, ние, но и народот, ќе констатираме дека овие институции се заробени од страна на овие хулигани и нивните сценаристи.

„Движењето Беса, односно нејзината парламентарна група, исто така ќе поднесе барање и до новоизбраниот претседател на Собранието , кој е веќе и меѓународно прифатен, на првата седница да формира истражна комисија во Собранието, која ќе ја открие целата вистина за тоа што се случи на 27 април, и врз таа основа, да се преземаат неопходните мерки за сите оние кои беа вклучени во овој случај. Без да се решава овој случај, Македонија нема да биде безбедна и ќе биде тешко да се создадат услови за владеењето на законот, правдата и безбедноста. Иднината на Македонија е во наши раце“, изјави Њомза Имери Исамили, член на централното преседателство на Беса.

 

Поврзани новости