Претседателот на движењето Беса и кандидат за градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами, денеска вети дека доколку биде избран за градоначалник ќе го реши проблемот со депонијата и загадувањето.
-Ние како движење Беса имаме решение за чиста средина во градот и општината за што сме ангажирале тим на словенечки експерти со што ќе го решиме проблемот и со депонијата и со загадувањето. Планираме реорганизација на јавното комунално претпријатие за да можат вработените да го соберат целиот смет што се создава, за што најпрвин им треба соодветни плати и опремување со соодветна механизација и други потреби. Изградба на капацитет за селекција на отпадот при што дел од ова ќе се користи како репроматеријал за индустријата. И како последна точка – предвидуваме едукација на наслението во поглед на фрлањето смет и негов третман – рече Касами.