Коце вети реконструкција на главната улица и нов паркинг во Шутка

by Фокус

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска ја посети општината Шутопризари, каде вети реконструкција на главната улица што минува во општината.

-Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот од влезот на општината, на крстосницата со булеварот „Словенија“ до крстосницата со улицата „Гарсија Лорка“, на потег во должина од над 2,5 километри. На оваа улица минатата година за првпат се постави атмосферска канализација, а со овој проект, покрај реконструкцијата на коловозот, планираме да извршиме и реконструкција на тротоарите. Со реализацијата на овој проект, значително ќе се ќе се намалат сообраќајните метежите коишто се создаваат, а ќе се движењето и безбедноста на сите учесници во сообраќајот – рече Трајановски.

Тој додаде дека ќе биде изграден и паркинг во близина на пазарот, за да се ослободи улицата од паркирани коли.

Поврзани новости