Пад од 2,1 процент до овој момент е регистриран на индексот МБИ 10 денеска на берзата, пишува Фактор. Ден откако помина референдумското изјаснување, цените на акциите паѓаат за толку проценти во просек, иако прометот не е мал.
Берзанските аналитичари велат дека инвеститорите ја искористиле ситуацијата односно попустот кој го овозможи исходот од берзата во однос на цените на акциите па затоа расте и прометот. Сепак се воздржани од коментари за понатаму, затоа што, според нив, ако Македонија влезе во нова криза и избори, тоа ќе значи и нова воздржаност за инвеститорите.
Пред затворањето на тргувањето, индекост имаше пад од 2,1 процент и цените се во надолна корекција во однос на петокот, односно последниот ден од минатата недела.
„Прометот е висок, и тоа радува и благата надолна корекција на цените на пазарот. Имено прометот денеска е како еден од подобрите денови во септември што е добро и тоа покажува дека инвеститорите се подготвени на купуваат акции по дисконт кој им го понуди референдумот, вели Коста Костадиновски, Илирика.