602
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони бил итно примен во болницата во Монако поради проблеми со срцето, изјави неговиот личен лекар.
Лекарот Алберто Зангрило синоќа изјави дека во понеделникот се видел со Берлускони и тогаш решил да го префрли во блиската болница затоа што сметал дека не е мудро да го врати во Италија, чија граница е на 15 километри од малата град-држава.
Засега не е познато дали Берлускони го надминал здравствениот проблем.
Поранешниот 84-годишен италијански премиер во 2016 година имаше посериозна операција на срцето, а подоцна преживеа и карцином на простата.