600
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов со прогласената амнестија за политичари и нивни соработници го прекрши Договорот од Пржино, оценува официјален Берлин. Германија не е сигурна дали ќе ги признае резултатите од изборите доколку тие се одржат под вакви услови, пишува Дојче Веле.
Според пишувањата на медиумот, германската влада е многу загрижена за состојбата во земјата и отворено го критикува претседателот Иванов. Признавањето на резултатите од изборите е под прашање.