ДУИ: За условите на Заев да се произнесат организаторите на средбата

by Фокус

Откако опозицискиот лидер Зоран Заев најави дека нема да се врати на преговарачката маса во Виена, се додека не се исполнат двата предуслови, повлекување на одлуката за аболиција и одложување на изборите, со реакција се огласија и ДУИ.

Од партијата остануваат на ставот дека треба да се оди на средбата во Виена, што за петок ја закажа еврокомесарот Јоханес Хан.

„За условите кои денеска ги постави Заев, треба да се произнесат организаторите на средбата“, изјави портпаролот на партијата, Артан Груби за НОВА.

Претходно, лидерот на ДУИ Али Ахмети, во гостување на емисијата „Клик плус“ на „Телевизија 21“ го потврди своето учество на лидерската средба.

Ахмети рече дека не сака од Виена да се вратат без договор. Тој вели дека Договорот од Пржино треба да се потврди бидејќи, според него, тој не е мртов.

Поврзани новости