Берин Мухамед е нов лидер на средношколците

by fokus

Сојузот на средношколци на Македонија денеска го избра својот нов претседател, а тоа е Берин Мухамед, кој е втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“.

Тој освои 54 отсто од гласовите, додека неговата противкандидатка Ива Трпески освои 46 отсто. И двајцата досега беа дел од Извршниот одбор на Сојузот.

Мухамед по победата ја покани Трпески да биде потпретседателка, а таа рече дека изборот бил организиран на демократски начин и дека Сојузот на средношколци, како што рече, е целосно сплотен.

Досегашниот лидер Лука Павиќевиќ соопшти дека на Конгресот учествувале повеќе делегати од територијата на цела држава со опфат на сите статистички региони.

Поврзани новости