Деталниот урбанистички план за просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ кој ја опфаќа и парцелата за бензинска пумпа, поради која Општина Карпош беше тужена од „Пуцко петрол“, стаса на седница пред Уставен суд.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски на Телма ја обвини Левица дека тргува со влијание по оформениот предмет за поднесена иницијатива, со која се оспорува Одлуката на Советот на Карпош од 3 март годинава за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.
Според него, сега општината е во рацете на Уставен суд и дека „Пуцко Петрол“ ќе добие 16 милиони евра ако одлуката биде на штета на Карпош.
Градоначалникот ја обвини Левица дека намерно одолговлекувале со седницата за нова одлука за ДУП-от, истакнувајќи дека ако Уставен го поништи, „Пуцко Петрол“ ќе добие 15 милиони евра како обештетување.
– На тој потез, планерите проценија дека има петреба од бензинска пумпа, а на наддавањето се јавија шест фирми. „Пуцко“ петрол плати 2,6 милиони евра. Тоа е најскапопродадена бензинска пумпа во државата, а ќе има само две пиштол-места – рече претседателот на ГРОМ.