Бензинот поевтинува од полноќ

by Fokus

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,5 денари и литар ќе чини 98,50 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за два денара и ќе изнесува 101 денар. Дизел горивото останува 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот, 50,044 денари за килограм.

Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од понеделникот.

Поврзани новости