549
Од ноќеска на полноќ, бензините ќе поскапат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,5 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,5 денари. Цената на дизелот ќе биде 55,5 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство 44 денари.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 60,4 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,7 денари.