Бензема e најтрофејниот француски фудбалер, со Реал собра 25 трофеи

by Fokus

Мадридски Реал синоќа освои нов трофеј во Купот на кралот во Шпанија, по победата над Осасуна во финалето кое се одигра во Севиља.

За „кралскиот клуб“ тоа е 20-тиот трофеј од Купот, а францускиот напаѓач Карим Бензема стана најодликуваниот фудбалер на овој клуб.

Бензема го освои 25-тиот трофеј во дресот на Реал Мадрид и се изедначи на врвот на листата со поранешниот фудбалер на мадридскиот гигант, Бразилецот Марсело.

Бензема има 33 трофеи во кариерата, покрај 25-те со Реал Мадрид има уште седум со Лион и еден со францускиот национален тим што го прави најтрофеен француски фудбалер во историјата.

Бензема до сега има 643 натпревари за Реал и 352 гола со 165 асистенции.

 

Поврзани новости