Бектеши за новото мнозинство: Наш личен интерес е да одиме на избори

by fokus

Наш личен интерес е да одиме на избори, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на телевизија Телма, коментирајќи ја информацијата што ја објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека има ново ново парламентарно мнозинство. Тој беше затечен од информацијата и рече дека нема никакви информации.

-Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, треба да се изгласа во Собранието доколку ги имаат бројките. Ние кажавме дека ако ги гледаме бројките, наш личен интерес е да одиме на избори бидејќи моментално би добиле 18 пратеници. Но, во моментов на државата и треба стабилност, треба да се завршат некои крупни работи, како спорот со Бугарија, да се продолжи европскиот пат и ДУИ нема да направи никакви отстапки од евроинтеграциите на нашата држава, рече Бектеши.

Поврзани новости