Белградските шминкерки го дотераа охридскиот градоначалник: Стојановски гостуваше во,,Жикина шареница’’

by Fokus

Шминкерките од српската телевизија РТС завчера го ,,дотераа’’ охридскиот градоначалник Др. Јован Стојаноски, кој беше гостин во популарната утринска емисија ,,Жикина шареница’’. Фотографии од разубавувањето на градоначалникот во шминкерницата, пред тој да се појави во студиото беа објавени на официјалната страница на општината.

Во емисијата тој зборувал за туристичката понуда на Охрид. Стојаноски беше во посета на Белград, во рамките на четириесеттиот меѓународен саем за туризам каде остварил средби со туристички агенции и тур оператори.

Со цел да се презентираат туристичките понуди во Охрид, во склоп на саемот се одржала и Охридска вечер, на која имало многу гости од јавниот живот во Белград, а присутните ги забавувал охридскиот поп пејач Ѓоко Танески.

Др. Стојаноски ги поканил присутните да го посетат Охрид и да уживаат во неговите убавини. Саемот кој што започна на 22 – ри февруари, заврши вчера. Учество зеле 1.200 излагачи од 55 земји од светот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости