Повреден пожарникар при гаснење пожар во стан во Бутел

by fokus

При гаснење на пожар во стан од станбена зграда на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, синоќа бил повреден пожарникар од Бригадата за противпожарната заштита Скопје со иницијали Б.М.

Пожарникарот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ синоќа по полноќ.

Од полицијата информираат дека пожарот бил изгаснат и дека се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Поврзани новости