Белградски НИН ја тргна насловната со снајпер вперен кон Вучиќ

by Фокус

Српскиот политички неделник НИН утринава излезе без насловна фотографија, на која требаше да се најде претседателот на Србија, Александар Вучиќ како стои пред снајпер вперен во него.

Од издавачката куќа „Рингиер Аxел Спрингер“, во чија сопственост е неделникот, соопштија дека уредничкиот избор на насловна фотографија бил непримерен, особено за земја во која е убиен премиер.

-Иако насловната страна е променета, содржината на написот „Афера оружје: Кој го руши Крушик“, останува, се разбира, непроменета“, соопшти издавачот..

Еден ден претходно, новиот број на НИН на социјалните мрежи беше најавен со насловна фотографија на која се наоѓа Вучиќ пред штанд на саем за оружје.

Инаку, фотографијата е направена од таков агол што цевката на пушката е вперана директно во него.

Поврзани новости