Белград под полициска опсада – Еуропрајдот наспроти литиите

by fokus

Припадници на МВР од синоќа се распоредени на улиците низ улиците на Белград, а долж Булевар Крал Александар е поставен полициски кордон, откако и покрај забраната од страна на српското Министерство за внатрешни работи, попладнево во Белград ќе се одржи парадата во рамките на Европрајд. Прошетката ќе се одвива по скратена реалција, соопшти координаторот на парадата, Горан Милетиќ.

Противниците на Парадата на гордоста, кои протестираат против Прајдот веќе почнаа да се собираат низ централните улици на Белград. Еден од нив украл ЛГБТ знаме, поради што полицијата веднаш го привела.

Токму на тоа место „лице в лице“ ги пречекале членовите на Литиите, кои во знак на протест против одржувањето на парадата на гордоста ја најавија и таканаречената семејна прошетка. Со себе носат икони и крстови и пеат црковни песни.

Тие се собраа кај Правниот факултет, црквата Свети Марко, а има и такви кои се упатија кон улицата Крал Милан каде се наоѓа инфо центарот на Прајд кој веќе една недела го чува полицијата.

Инаку најмалку 3.000 полицајци ќе бидат директно задолжени за обезбедување на денешната прошетка во рамки на Еуропрајд.

Освен полицајците на улиците и во деловите од градот каде што ќе се движи поворката Прајд, значително поголем ќе биде и бројот на ангажирани припадници на безбедносните сили во униформа или во цивил – вкупно околу 6.000 луѓе.

Фокусот во текот на денешниот ден ќе биде ставен на зачувување на безбедноста на учесниците на Парадата на гордоста, кои ќе бидат неколкукратно помали од учесниците на контра прошетката.

Главниот град на Србија е овогодишне домаќин на европската манифестација посветена на правата на ЛГБТ+.

Првичната замисла беше да има марш во рамките на манифестацијата „Еуропрајд“, но поради негативниот однос на властите во Србија, организаторите најавија дека ќе се соберат на протест.

Поврзани новости