Белгискиот дипломат Ванхоуте ќе го контролира спроведувањето на договорот од Пржино

by Фокус

Работни групи веќе почнале со работа на спроведување на договореното од 2 јуни и 15 јули во резиденцијатаа ЕУ амбасадрот во скопската населба Пржино. За тоа надлежен ќе биде и Питер Ванхоуте и неговите соработници, кои со работа треба да завршат до 31 јули.  Ванхоуте како претставник на ЕУ учествуваше во подготовката на извештајот за 24 декември 2012 година. Тој беше еден набљудувачите кои беа дел од експертската комисија на чело со Борче Давитквски која работеше на расчистување на собраниските инциденти од 24 декември.

Од СДСМ потврдуваат дека се дефинираат законските и персоналните решенија во Државната изборна комисија, Агенцијата за медиуми, Бирото за јавна безбедност, Антикорупциската комисија и Управата за јавни приходи. Велат дека тие институции се фундаментални за демократизација на општеството и за ослободување на граѓаните.

Од партиите објаснуваат дека и ова, како и консензуален специјален јавен обвинител, кој ќе води независна истрага за прислушуваните разговори, е во согласност со препораките на европскиот експерт Прибе. Треба да биде именуван до 15 септември, само две недели по враќањето на опозицијата во Собранието.

 

Поврзани новости