Белата палата ќе се продава или изнајмува, следува средба на Мицкоски со Груевски

by Fokus

Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме, вели во интервјуто за МКД.мк Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека по денешната информација за упатување на издржување на затворската казна на Никола Груевски, тој ќе иницира средба со почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак се работи за класичен политички прогон и сакам да се видам со нашиот почесен претседател, вели Мицкоски.

Поврзани новости