182
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ги слави најуспешните први шест месеци на функцијата од кој било претседател во модерната американска историја, објави Белата куќа на својот профил на X.
Претседателот на САД се огласи и потсети дека пред шест месеци „презеде команда“ и започна сеопфатна офанзива со цел „да го разбие хаосот“ создаден од левицата и да ја врати моќта на Америка во нејзиниот полн сјај.
„Шест месеци подоцна. Со полна пареа. Без сопирачки. Победите ќе продолжат. Депортациите ќе продолжат. Границата е обезбедена. Економијата е ослободена. Еден голем, прекрасен закон е усвоен. Ова е бескомпромисно лидерство кое ја става Америка на прво место“, се вели во објавата на Трамп на Платформа X.