463
Децата треба да се вратат во училиште, дури и ако идните студии откријат дека тие се преносители на новиот коронавирус, затоа што e помала веројатноста дека ќе развијат потешки форми на болеста, изјави секретарката за печат на Белата куќа, Кејли Мекеан.
Американскиот претседател Доналд Трамп настојува на повторно отворање на училиштата кои нагло се затворија оваа пролет кога коронавирусот првпат почна да се шири низ целата земја. Голем број од наставниците и семејствата изразија загриженост дека децата би можеле да се заразат или да ја шират болеста доколку се вратат во училниците.
Досега во САД се пријавени над четири милиони случаи на Ковид-19, а над 140.000 луѓе починаа.