Бектеши за Ахмети: Екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот!

by fokus 10:18
10:18

Aли Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања. Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот, вели министерот за економија Крешник Бектеши од редовите на ДУИ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали ќе има промени во раководството, по најавениот конгрес на 21 декември, Бектеши вели:

-Јас мислам дека Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања, сме пред целосно зачленување во НАТО, пред почнување на преговорите со ЕУ. Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот. Секако дека ќе има измени во раководството на ДУИ, но најбитно за граѓаните и поддржувачите на ДУИ е дека ДУИ ќе излезе со една нова програма, која ќе биде заснована на пет столба, но тоа ќе го оставиме да се дообјасни на Конгресот. Јас мислам дека тоа ќе биде една од најдобрите програми на политичките партии што ги има, не само во Северна Македонија, зашто тука за ДУИ нема конкуренција, секако дека се знае, но тоа ќе биде една одлична политичка програма што секако дека во наредните години ќе се препишува и од другите партии во регионот.

- Advertising -

Тој вели и дека на претстојните избори ДУИ ќе биде одлучувачкиот фактор.

-Не дека очекуваме, ние сигурно ќе ги добиеме и ДУИ ќе биде одлучувачки фактор на следните избори на тоа како ќе се движи Северна Македонија, а Северна Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ, вели Бектеши.

 

Поврзани новости