540
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Албанија.
Бектеши во Тирана ќе има работен состанок со министерката за економија и финансии на Република Албанија, Анила Денај и со министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Сандер Лешај.
Како што информираат од Министерството за економија, тема на средбите ќе биде воведување заеднички контроли со едно застанување на патниот граничен премин Ќафасан-Кафатане.