614
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска имаше средба со различни претставници од угостителскиот сектор. На состанокот се разговараше за протоколите и новите одлуки на Владата од вчерашната седница.
По состанокот, Бектеши изјавил дека беше многу конструктивна средба каде сите се согсогласиле дека приоритет над приоритетите останува здравјето на граѓаните и дека мора да се почитуваат протоколите што се во сила и дека во наредниот период бројот на заразени и случаи со СОВИД-19 да се намали за да им се даде простор и на Владата и на Комисијата за заразни болести да не донесуваат нови рестриктивни мерки.