338
Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува да се зголеми цената на електричната енергија од 1 јули годинава. Како што истакна тој на денешната прес конференција, се очекува дополнително намалување на нејзината цена.
„Убеден сум дека сите одлуки ќе бидат во насока на тоа да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средните компании да бидат што поконкурентни, што значи дека не очекуваме да има зголемување на цената на струјата од 1 јули имајќи ги предвид постоечките податоци и предвиденото, во спротивно очекуваме да има дополнително намалување како што направивме“, рече Бектеши на средба со медиуми.