352
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема време да размислува за евентуалните промени во ДУИ зашто е целосно фокусиран на менаџирање на енергетската криза.
„Јас сум целосно фокусиран на меџаирање и справување со енергетската криза. Немам време да мислам на тоа, тоа е одлука на претседателот и на раководството на ДУИ. Ние секогаш сме велеле дека сме подготвени да разговораме, и внатре во партијата и со јавноста и со сите што се заинтересирани и со тоа што е направено согласно Програмата и со тоа што треба да се направи. Секогаш согласно Програмата која е утврдена од страна на Собранието и партиските органи“, рече Бектеши во вечерашното гостување на ТВ Сител.