ЕК бара санкции за одговорните за убиството на младата Иранка која „непрописно носела хиџаб“

by Fokus

Претставниците на Европскиот парламент во денеска усвоената резолуција повикаа да се санкционираат иранските службеници вмешани во убиството на младата Махса Амини.

Дваесет и двегодишната девојка почина на 16 септември во болница во Техеран, три дена по нејзиното апсење поради „непрописно носење хиџаб“.

Сведоци тврдат дека полицијата ја одвела Амини во возило, каде таа била претепана.

Протести поради нејзината смрт се одржуваат секоја вечер од 16 септември. И покрај меѓународните повици да запре примената на сила над демонстрантите, властите и понатаму се однесуваат грубо кон нив, пишуваат дел од светските медиуми.

Поврзани новости