Бектеши: Не размислуваме за целосен карантин на угостителскиот сектор

by Фокус

Што се однесува до угостителството, и во Кризниот штаб и во Економскиот совет не размислуваме за целосен карантин, односно целосно затварање на овој сектор, но тоа ќе зависи од бројот на заразени и од епидемиолошката слика во државата, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

-Секако доколку се случи тоа, ние ќе излеземе дополнително во пресрет на туристичко-угостителскиот сектор како што и беше досега, бидејќи тие беа и се опфатени во сите четири сета економски мерки што ги донесе Владата – рече Бектеши на Алфа.

Поврзани новости