ВМРО-ДПМНЕ: Оставки на Филипче и Караџовски се најдобра антикорона мерка

by Фокус

Од политиката на Венко Филипче, во која приоритет се тендерите и личниот интерес и интересот на тесен круг на луѓе од партијата, резултатот е 1.085 заразени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само граѓаните и нивниото здравје што му е работа на Филипче никако да дојде на дневен ред. Уште пострашно е што секојдневно се бројат заболени деца, заболени вработени во градинки и училиштата. Зошто Филипче правеше скрининзи на празно во мај и не ги отвори градинкит? Министре, правете бесплатни тестови за корона на сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата еднаш месечно“, велат од ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дела најдобрата мерка за борба против корона е оставка на Филипче и првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски.

Поврзани новости