Владата утре ќе расправа и најверојатно ќе донесе одлука за ограничување на работењето на угостителските објекти до 21 часот, а за други рестриктивни мерки не се размислува во моментов, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.
-Комисијата за заразни болести секојдневно ги следи случувањата и ја следи епидемиолошката карта во државата и согласно нивните анализи ако треба ќе поднесат и други предлози. Во овој момен е важно сите да придонесеме за почитување на мерките, носење на маски, хигиена на рацете и одржување физичка дистанца со цел да се намалат бројките на заразени и починати од Ковид-19 – рече Бектеши во Топ тема на ТВ Телма.
Тој нагласи дека податоците што ги имаат епидемиолозите покажуваат дека најголем број од заразените се од организирањето на забави во угостителските објекти, приватни куќи и вили.
-Сега тоа нема да биде дозволено. Веќе донесовме нов закон со кој се преземаат мерки за целосно да се почитуваат протоколите усвоени од Комисијата за зарасни болести и утврдени од Владата – рече Бектеши.