Ги охрабруваме сите компании да пристапат на ист начин во застапеноста на етничките заедници, како што работи јавниот сектор, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на Телма.
-Ние ги охрабруваме, во делот на еднакво општество за сите и за Албанците и за Македонците и за другите, ги охрабруваме, ги поттикнуваме и тие да ја отсликуваат структурата на државата, како што е во јавниот сектор. Дали тоа ќе го направат приватните компании, ние не знаеме – рече Бектеши.
Тој нагласи дека оваа мерка е предвидена во политичката програма на Владата и треба да се реализира во наредните четири години.
-Кога зборуваме за компетентноста, секако дека тие треба да бидат компетентни, било тоа да е Албанец, Македонец, Турчин, Србин, треба да биде компетентен за да ги заврши работите што се предвидени – порача министерот.