Мурињо прифати да се фотографира со македонски новинар за да му оддаде почит на неговиот починат татко

by Фокус 22:10
22:10

Тренерот на Тотенхен Жозе Мурињо денеска направи трогателен гест откако македонски новинар го замоли да се слика со него за му оддаде почит на неговиот починат татко кој бил негов голем почитувач.

Мурињо на онлајн прес-конференција пред утрешниот меч Шкендија-Тотенхем во Скопје даде изјава за очекувањата, по што еден од македонските новинари реагираше дека не му е дадена можност да постави прашање.

- Advertising -

Сепак, Мурињо се врати да го ислуша, но новинарот немаше прашање туку му се обрати со молба.

Тој објасни дека неговиот татко е починат, но дека тој бил голем фан на  Мурињо, па му оставил завет дека доколку има можност да го замоли Мурињо за заедничка фотографија.

-Доколку мечот помине добро за вашиот клуб, дали би ми дозволиле да се сликам со вас? Би сакал таа слика  фотографијата да ја врамам и да ја ставам на гробот на татко ми – замоли новинарот.

На тоа Мурињо одговори:

– Фотографијата нема никаква врска со исходот на натпреварот. Ние ќе го сториме тоа. Доколку можеме да се сретнеме пред натпреварот, ќе го направиме тоа, тогаш може ќе биде полесно, доколку не, ќе го сториме тоа по натпреварот, резултатот нема да влијае на тоа. Ќе ми биде задоволство да му оддадам почит на вашиот татко.

По пристигнувањето во Скопје, Мурињо го исполни ветувањето и се сретна со македонскиот новинар за да направат заедничка фотографија.

Поврзани новости