Бектеши: Ќе поднесеме жалба на одлуката на Управниот суд за „Иловица“

by fokus

Министерството за економија ќе ја разгледа одлуката на Управниот суд со која го врати на повторно одлучување предметот за рудникот Иловица и во рамки на роковите ќе поднесе жалба бидејќи смета дека одлуката на Владата за раскинување на договорот за концесија со компанијата „Еуромакс ресорис“ е во согласност со законите во државава, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„Јас пред неколку дена бев известен од Секторот за минерални суровини дека има таква одлука. Ние ги почитуваме одлуките на судовите во земјава и во зависност од процедурите ќе ја разгледаме одлуката на Управниот суд и ќе се жалиме бидејќи сметам дека одлуката за раскинување на договорот е во согласност со законите“, рече Бектеши.

Управниот суд пред неколку дена ја објави одлуката за овој случај, со која предметот го врати на повторно одлучување поради процесни неправилности, додека за главната работа по предметниот спор постапката е во тек.

Поврзани новости