Бектеши: Ќе бидат замрзнати цените на над 10 овошја и зеленчуци, трговци ставале 200 отсто маржа

by Fokus

Министерството за економијата направи анализи и ќе достави предлог одлука до Владата на следната седница да одреди замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој рече дека ќе бидат опфатени над десет производи.

„Вчера во текот на денот се завршени сите анализи во Министерството за економија согласно податоците добиени од страна на Царинската управа, а воедно и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во однос на замрзнување на цените за овошјето и зеленчукот.

Предлог на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување највисоки цени во делот на овошјето и зеленчукот и тоа секако дека е направено во согласност и со МЗШВ. Ќе бидат опфатени над десет производи на овошје и на зеленчук имајќи ги предвид податоците за месец март, каде што за жал е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи имале големи маржи што надминувале 100 – 200 проценти за одредени производи“, истакна Бектеши.

 

Поврзани новости