Ахмети до „Огнените“: Во ДУИ не се дозволени фракции

by Fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на седницата изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја.

„ДУИ е партија која што почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа изгубив на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите.

Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување“, рече Ахмети.

 

Поврзани новости